ДЕФИЛЕ НА ПЕЛИВАНИ НИЗ ГРАД

defile na pelivani vo pp

На модерните борачи во сала и на душеци во грчко римски и во слободен стил им претходеле пеливаните. Тие се бореле со противниците измачкани со маст до половина на голото тело. Арена на ривалите најчесто била  некоја поголем ливада, каде публиката во круг навивала за овој или за оној пеливан. И таму имало техники и марифети да се кутни противникот кој се лизгал и тешко можел да се дофати и испружи на тревата, поради маста. Имало и кадија, кој ја делел правдата. Тој означувал почеток и крај на мечот на тревата. Го прогласувал победникот додека публиката скандирала.

Борбите биле мошне атрактивни, особено кога мегдан биеле пеливани од две села или пак од два града. Зовривале борбените страсти не само кај борачите, туку и кај гледачите.

Оваа стара боречка дисциплина и денес се негува во некои муслимански средини во земјава.

Сликата покажува заминување на познатите пеливани кон ливадата, следени од толпа на сипмпатизери.

Loading