АЛИОСКИ СЕ ПРОШЕТА НИЗ ПРИЛЕП

По Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација по првото учество на Европското првенство низ трите меча (со Австрија 1:3, Украина 1:2, Холандија 0:3) се врати во земјава. Единствениот прилепчанец кој играше, а и постигна гол, Езџан Алиоски – Џани во четвртокот во друштво на неколку роднини и пријатели се прошета низ градов. Насекаде каде помина низ центарот и Старата чаршија, беше срдечно пречекан. Сограѓаните го запираа, разговараа, добија автограми, се фотографираа и разменуваа со него сувенири. Некои се пофалија дека добиле знаменце на кое се испишани имињата на репрезентациите од последниот меч, Холандија и Македонија. Потоа два дена беше во Црнилиште каде го отвори турнирот во мал фудбл.

Професионалниот фудбал е таков – не остава време за одмор, па Алиоски веднаш замина во Англија, каде го чекаа со одлуката дали останува или заминува од Лидс.

Loading