УШТЕ ЕДЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО ЕУ

Дарко Илиески е нов член на Копер

Додека државава има тежок пат за влез во ЕУ, на многу наши спортисти им успева да се најдат таму. Фудбалерот Дарко Илиески замина во Словенија, во прволигашот Копер. Клуб објави дека ,,во жолто-синиот дрес следните две сезони ќе игра 25-годишниот Македонец, дефанзивец кој доаѓа од битолски Пелистер, за кого минатата година имал 31 настап,,. Екипата Копер одигра неверојатни бараж-мечеви за опстанок, против Крка. На гости победи со 2:0, дома загуби со 2:3, па така стигна до прволигашкиот опстанок. Прилепчанецот ќе се бори за место во тимот веќе на пријателските средби со белградски Партизан, со Австрија од Виена и со други противници.

Илиески потекнува од 11 Октомври, а пред три години одигра и за Победа.

Loading