МАТУРСКИ КОНЦЕРТ СО ИСИДОРА АНГЕЛЕСКА

Isidora Angeleska

Матурски концерт на пијано ќе одржи младата пијанистка Исидора Ангелеска вечерва од 20 часот во фоајето од ЦК ,,Марко Цепенков,,. На програмата се дела од Бах, Бетовен, Шуберт, Рахмањинов…

Ангелеска на 8-годишна возраст почнува да посетува часови по пијано во музичкото училиште. Настапува на нејзините први концерти и натпревари. Во 2017 година го завршува во класата на проф. Христина Никоска. Музичкото  образование го продолжува во средното музичко во Битола. Годинава матурира кај проф. д-р Татјана Божиновска.

Учествува на национални и мегјународни натпревари во соло изведба, камерна музика и пијано дуо. Настапува на концерти организирани од училиштето, вклучувајќи ја и традиционалната Шопенова вечер, организирана од Полската амбасада. Учествувала на семинари во земјава и странство.

Loading