МАЈСТОРЛАК ОД КОЈ СЕ ВООДУШЕВУВАЛ И ШУМАХЕР

Методија Талески (77), мајсторот за делови за Формула 1 болидите

-15 години во сервисот на Тојота болидите

CIMG3302

Мајсторот за формула 1 болидите, после 40 години во Германија, Методија Талески, веќе 12 години, е пак прилепчанец. Многу е подвижен И енергичен. Со лесно ги носи своите 77 години. Ужива во прегратките на природата со планинарите и сам често се дружи со прекрасната убавина, не само на Прилеп. Затаена му е само пасијата за лов на дивеч. Со голема прецизност ги изработувал оштетените делови од болидите на Формула 1, за што Германците знаеле добро да го наградат, да ги минува пензионерските денови мирно со лаф муабет в чаршија.

Работел како дреар на дребонг во специјализирана фабрика во Келн, во која покрај деловите за болидите се изработувале и делови за нуклеарните централи.  Како искусен мајстор на занаетот, се јавил на конкурсот објавен во весник и тоа на 54 годишна возраст, откако ја напуштил претходната фирма.

– Петнаесет години бев на штрек и дење и ноќе, и делник и празник да им излезам во пресрет во отстранување на ситните дефекти во подготовките на болидите на Тојота за трките на Формула 1. Често ме будеа во малите саати за навреме да се направи делот и да се транспортира каде и да се тркачките автомобили. По нацртите на инженерите за најкусо време ги подготвував новите делови да се монтираат на местото од оштетените и најбрзо да се стигне до пистите на трките насекаде низ светот. Деловите пред транспортот минуваа на прецизна, детална контрола. И во работното искуство никогаш не ми се случи некој дел да направиме по втор пат. Осовинчиња, штафчиња и други елементи изработував со леснотија. Кога работев во Тојота, беше времето на Шумахер – објаснува Методија Талески.

Му било убаво, некогаш одел со такси, или со возилото. За пет или 50 минути ги изработувал различните делови. На челикот му ја знаел душата.

-Ми праќаа цртеж. И по него работев. Го носев занаетот во малиот прст. Некои делови ги изработував додека инеженерот пиеше кафе. Се чудеа од квалитетот со микронската прецизност без никакви пропусти. Грешките доколку постоеаја, ги откривав сам. Не ме фаќаше трема, како го правиш ова, ме прашуваа. Им велев, со раце, како поинаку! Многу беа коректни од фирмата и задоволни. На дребонгот се работеше подобро отколку на современите ЦНЦ машини. Тие беа за сериски изработки, а на поединечни делови – раскажува Талески.

{AG}654/metodija{/AG}

Поминал низ курс за ЦНЦ машини, но не му лежело. Стариот дребонг го познавал како својот џеб. Сакал со рака да фати.

Во Германија заминал на 25 годишна возраст. Работел и по две работи. Дури и како чистач. Знаел како чука ,,срцето,, на дребонгот. Се изучил во Црн бор. Потоа, работел во Бугарија, Хрватска на бродови. 

Стекнал голема пракса. На младите им советува да работат тоа што им лежи, тоа што го знаат и умеат. Но, да знаат и да одмораат. Уште ја има прецизноста на рацете.

– И сега да ме викнат за работа, ако е за помош ќе одам, но не за пари. Можам да работам, ама немам време. Низ дома се занимаваме со сопругата Ванѓелица. Многу шетам. Уживам во пензионерските денови – додава Талески.

Со сопругата решиле да се вратат во Прилеп, во Македонија, затоа што тука им е поубаво. Во мајтап кажува дека во Германија го викале Македонецот а во Прилеп му ставиле прекар Германецот. А тој е само, горд прилепчанец. 

 МЕРАКЛИЈА НА ПЛАНИНИ И УБАВИНА

– Сакам да шетам по планини. И сам и организирано со планинарски друштва.  Убаво се чувствувам. Природата ме релаксира. Мераклија сум и на ловење дивеч – објаснува Талески

Loading