ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (99) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Свадбарите марулски тргнуваат со невестата од кај Милевци. Пиштат гајдите во дворот Милески, се слуша песната Церешна се од корен корнеше, а моме се од мајка деелше. Поново плач и радост. Нункото Стојан Танески ја води свадбената поворка качен на коњот со развиорено руско црквено знаме уруглица подарена пред три години од рускиот конзулат во Битола за с. Марул.

Нунката Танеска Анѓа, стојановата жена и Грујоски Митре се пристари деленици, исто кртило. Забележана е помалата сестра на Петра, Јана простум стои во колата со набодена јаболка на вилушка и го држи во висина која сака да ја испрати својата сестра Петра до преку реката.

Свадбарите тргнаа од дворот кај Милевци се враќаат по истиот пат за во Марул весели и расположени без никакви пречки. Штотуку дошле во долот Мечкоец, преоѓањето преку долот нагла кривина, слабо внимавање од свадбарите, колата скршнала двоколката и се превртила. Свекорот, зетот и невестата пропаднале во капината, глоговите, трњето и шипките, сите наоружани со свои природни боцки. Свадбарите поможиле со напорна работа, ги извадиле од трњето. Невестата минала најлошо. Поради кошулата и се засукала преку главата сета била избоцкана, издраскана во задникот.

Момчето Илија уште во трњето ја држи за рака. Таа му довикува, пушти ме, пушка да не те удри, никој не ме зема, поможи да излезиме. Со помош на свадбарите, свекорот, зетот и невестата ги извадиле од трњето. Но, задникот невестата го наполнала со разни боцки.

Золвите ја зеле невестата нагоре во долот, во засолнато место, ја исчистите од разните дрвени боцки и го испрале задникот. Откако ја завршиле сета работа, се вратиле кај колата, се качиле, си дошле надолу по Горни Цуцул дома кај Јоновци Куреловци како ништо да не се догодило, да не се изусти што се десило во долот во Мечкоец.

Во текот на неделата Јоновци со невестата одат на првиче кај Милевци во Штавица пешки со добитци за вјавање без запрежната кола. Меѓувреме штавичани разбрале што се десило во долот во Мечкоец. Другарките ја прашале дотогашната нивна другарка Петра, зошто не дојдовте на првичево со колата.Таа се дала во одбрана, не сме многу далеку, затоа одлучија да дојдиме пешки. Другарките во смеа и одговориле, не е така што сме близу, него не можиш ти да седиш, задникот не ти е заздравен од разните дрвени боцки што си набодила во долот во Мечкоец и пак со големо кикотење ја нападнале Петра, грешката е во тебе. Можи момчето Илија те штипна за задникот, ти изненадена подрипна, колата ја изгуби равнотежата и се преврти.

Признавам многу бев исперчена пред сите дека сум прва дама од Штавица, земена со кола и седната до момчето мое. Мислам затова ме казни Господ, не треба голема гордост пред народот, тој Горниот казнува. Нас не ни останаа никакви лузни од настанот во Мечкоец. Сепак традицијата се сменала, наместо носење невеста со коњ како дотогаш, се почнало да се зема невестата со запрежна кола со повеќе членови во колата покрај зетот, невестата, золвата и свекорот. Ако домаќинот бил побогат се пазарела коњска кола или пајтон со кочија, управувач на коњите. Како и да е невестата Петра Јованоска е првата невеста во с. Марул земена со запрежна кола.

Раскажал Танески Стојче, па и самата Петра Илица Јованоска Крушкојца во смеа со перачките во реката.

Илица Петра прочуена бајачка Крушкојца

Илица Петра паднала многу тешко болна во триесеттите години во минатиот век. На сонот и се прикажало, имаш две работи за спас на твојот живот. Манастир да изградиш во местото Градиште над селото или бајачка да бидиш за спас на болни луѓе од разни болести да лечиш.

Петра Илица ја прифатила работата бајачка за да биди и да баи од ветро, сипаници, почудување, црвеница, од сторение итн. Колку му поможуваше нејзиното баење, таа си знаеше. Како сведоштво беше во тоа што кај нејзе од цела Пелагонија во групи исто така и од целото Мариово, народ теќе беше кај нејзе, прочуена беше како Крушкојца од Марул.

Петра Илица бајачката умре на 15 декември 1961 година, во с. Марул е погребана во пределот на јоноските гробишта на јужната страна од марулската црква. Илија нејзиниот маж почина во месец март во 1962 година, погребан е во Старите прилепски гробишта. Брачниов пар Илија и Петра беа работни луѓе. Во Марул има отворено камено окно за преработка на воденички камење, копанки, грлушници за бунари и др.

За ова морам да ви раскажам рече Танески Стојче.

Откако ја снема златната маска од бегот Амдија Лазески народот се ослободи од нејзиниот напад, а се слушна дека Толепашовци ја продале маската во Мегленско преку мариоско. Амдија бегот збесна и почна да се сомнева по одредени луѓе за да направи преку заседи убиство.

Од тоа негово злонамерно мислење повеќемина марулци почнаа да вадат пашапорти за заминување во Америка. За животот да си го спасат и нешто ако се можи да заработат некоја пара за помош за живот.

Еден по еден почнаа да заминуват во Америка. Кај турските власти имало и некое советување. Велеле, оди синко запечали пари и пак да се вратиш дома кај да не ги заборавиш.

За нестанокот на маската беа осомничени Ристе Гулабоски, Ристе Јоноски и Мојсо Колески. Тројцата осомничени од страв да не бидат убиени заминаа во Америка. Божин Котески го претепа со набоднато арнаутинот Мемиш во местото Крушите под камено и замина за Америка.

Павлески Јован, Тасе, Колески Богдан, Јован, Мојсо и Трајан сите заминаа наречено печалба. Додека Павлески Петре и Дојчиноски Јован (Јоле) замина на печалба во Влашко. Петре таму остана подолго. Од запечалените пари ги купи нивјето од Мимишица во Попојца, Средореци, Калуѓерски ливади и сите нејзини нивје.

А додека Дојчиноски Јован Јоле набргу се вратил дома во Марул. Јоле нашол работа кај некој богат Влав, наречен Чок. Богатите Власи, чокови, држеле работници скопени, стерилизирани. Јолевиот газда, богатиот Влав, чокот имал запрежен пајтон за со коњи. Кога ќе одел чокот некаде на пат со жената пајтонот го управувал кочија скопен, стерилизиран, а додека пајтонот го тргале четри чифта коњи. Кочијашот од чокот бил во постари години. Не бил способен повеќе да ги извршува сите потребни работи.

Чокот намеравал да го осакати, скопи, стерилизира Дојчиноски Јоле. Јован, или се исто, разбрал што му се спрема, го напуштил работното место кај Влавот чокот тајно. Не побарал ни плата и рекол сиромав дојдов сиромав, ќе се вратам, но здрав во моето родно село Марул ќе живеам.

Секое едно лице од машки пол скопено, стерилизирано, во празното место се залечувало, пополнувало со коњска лепешка, местото, да не добија инфекција, тровање. Печалбарите од Америка се враќале кој како можел. Повеќето се вратиле за време на Втората балканска војна со политичка пропаганда во Македонија дека војна се води за македонска држава.

Гулабоски Ристе се вратил дома во 1907 година. Амдиовци извадиле пропаганда дека заработените пари Ристе му ги подарил на комитите. За време вршење Ристе носел снопје, го пречекаа шест амдијови аргати, го претепаа под оградата на Емини Ремзија и до годината живееше со внатрешно крварење и умре во 1908 година.                             

Продолжува

Loading