ПОДГОТВЕНИ ДА ЗГРИЖААТ ПОВЕЌЕ ДЕЦА

ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ НАША ИДНИНА

Orce Todorovski - direktor na  gradinkite

Градинките примаат повеќе деца за згрижување благодарение на олабавувањето на ковид мерките. Од почетокот на мај, речиси за 25 отсто повеќе јавната општинска установа, Детски градинки ,,Наша иднина,, ги зголеми можностите и прими дури 200 деца дополнително во споредба со зимските месеци. Извршена е реорганизација и созадени се нови 4 групи.

Со доброто менаџирање на директорот Орце Тодоровски им е излезено во пресрет на родителите кои имаат потреба нивните деца да добиваат дневна грижа. Се искористи секој простор и се создадоа услови вратите од шесте градинки да бидат отворени за нови корисници на детската заштита. Дополнително, со финиширање на градбата на новата детска градинка за 235 деца во Точила, ќе се создадат можности за згрижување на децата од предучилишна возраст на задоволство на родителите.

– Зголемен од бројот на  децата во групите, од 12 на 15 деца во јаслите и од 15 на 20 деца во останатите воспитни групи до започнување на училиштето. Тоа е според одлуката на Комисијата за заразни болести. Состојбата со пандемијата во јавната установа е задоволувачка. Немаме болни вработени, ниту деца, а капацитетите се исполнети 100 отсто според протоколите. Ги активиравме и искористивме сите просторни услови и според сите стандарди, обезбедивме воспитувачки/негователки. Во градинката Гоце Делчев, Аличаир и Бончејца отворивме четири нови групи покрај постојните, со што вкупно имаме 54 воспитни групи. Или од околу 400 згрижени деца во април, сега се 617 деца. Продолжуваме со протоколите што значи и понатаму не смее да има влез на друго лице, освен истиот родителот кој во одредено време го носи и зема детето. Со смирувањето на пандемијата и понатамошното попуштање на мерките, се надеваме дека уште толку деца, веднаш, следниот ден ќе бидат примени и ќе имаме згрижено 1 200 деца. Имаме можност да зготвиме и храна, има доволно персонал, 150 вработени и 30 лица ангажирани со договор на дело, кој може комплетно да одговори на потребите за дејноста – објаснува Орце Тодоровски, директор на ЈОУ Детски градинки ,,Наша иднина,,. 

И за време на вообичаеното користење на годишните одмори на вработените во јули и август, ќе се изврши реораганизација со што ќе работат три градинки од шесте објекти.

– Децата кои ќе доаѓаат и во летните месеци ќе бидат распределени под посебни услови во другите градинки, со што ќе ги задоволиме потребите на родители за да не дојде некој да се жали и да нема каде да го остави детето, а треба да работи – објаснува Тодоровски.

Се интензивира градбата на градинката во Точила. Деновиве почнуваат надземните градежни работи на објектот кој ќе биде на два ката, проектиран за 235 деца.

– Градинката во Точила очекуваме да биде готова пред новата година и со неа да се зголемат сместувачките капацитети за 25 отсто – вели Тодоровски.

Gradinki

Иако е лето, дворовите ги одржуваат чисти, искосени. За пријатен престој на децата во жештините, набавена е комплетно нова летна постелнина која е пријатна за пладневен одмор.

ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОУДОБЕН ПРЕСТОЈ

Летниот период ќе го искористи според стандардите за спроведување  дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Целосно ќе бојадисаат две градинки. Претходно реализирани се бројни инвестициски зафати.

– Градинката во Гоце Делчев има нов покрив од 6,5 милиони денари за над 2000 м2. Има и ново осветлување и ограда, бидејќи објектот претходно беше уништуван од вандали. Инаку, во две градинки комплетно се реновирани пералниците. Во Аличаир и во Тризла треба да бидат донесени 4 машини кои се донација од Гентерм. Односно пералница и сушалница ќе има во три градинки. Како пример за домаќинско работење, ќе посочам дека штедиме 40 тони нафта годишно, без да им се скуси на корисниците на услугите  – вели Тодоровски.

Loading