„МИСЛИТЕ ПАТУВААТ“ – ПРВЕНЧЕ КНИГА ОД СУЗАНА Д. РУЛЕСКА

Suzana Ruleska

“Мислите патуваат” е прво литературно дело од нашата сограѓанка Сузана Д. Рулеска, во кое се објавени повеќе песни. Новинарката по вокација, ја развила  љубовта кон пишаниот збор одамна. Искра, еве, се преточи во оган кој почнува да пламни.

Како член на Клубот на литературни творци учествувала на разни домашни и меѓународни поетски манифестаци и конкурси. Почесен член е на Фондацијата Такец со диплома, како и од Академија Еуро арт.

Поезијата í е објавена во зборникот “Треперење на душата “, во збирките “Нашите празници”, “Пауна”, “Пауна2” и “Пауна 4″, ” Со љубов за Мајка Тереза”, “Мостови на пријателство”, “Црно – белиот бал на цвеќето на мирот” и во неколку видео проекти.

Во 2019 е носител на втората награда за песната “Ќе нé има нас “со патриотска содржина, во категоријата необјавена поетска творба на Здружението на просветни работници на Македонија.

-Предизвик ми се меѓународните виртуелни конкурси од поетските групи. Соработувам со поети од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија… Поетските творби се објавени во повеќе антологии од Филипините до македонско – индиските антологии. Моето име го има како автор на песни во проектот Уметноста не познава граници – “Замрзнати поеми’ и “Ни на небо ни на земја” – вели поетесата.

Дел од признанијата се и сертификатите добиени од Балканска песничка унија, дипломата од Меѓународниот конкурс посветен на Есенин. Застапена е во Алманахот “Зимска рапсодија” и видео проектот “Пролетта и љубовта” на Меѓународнот литературен експрес конкурс во Русија.

Хоби í е сликарството.

Loading