ЕХ, ДА ИМАШЕ МОНИТОР НА ПЛОШТАД!

Фудбал: Европското почнува

Настан секогаш е Европското првенство во фудбал. Тоа е настан ипол сега, кога учествува и Македонија! Штета што е нема групирања. Да имаше голем монитор на плоштад, ќе беше преполно од народ, со знамиња, дресови, транспаренти, како да се на стадион. Како во 2011 година, кога Македонија настапи на Европското кошаркарско во Литванија, освојувајќи го 4-тото место. Денеска (21 часот) Европското почнува со мечот Турција – Италија во Рим. В недела (18 ч.) Македонија игра со Австрија во Букурешт, в четврток (15 ч.) со Украина пак во Букурешт, а следниот понеделник (18 ч.) со Холандија во Амстердам.

Убаво е што во ФФМ и репрезентацијата на Македонија има прилепчани: директорот Марјан Стојкоски – Манта, фудбалерите Езѓан Алиоски и Марјан Радески, како и Илија Несторовски, кој и повреден е заедно со соиграчите.

Loading