АУТСАЈДЕРОТ СТАНА ПРВАК!

Ракомет: Екипата Прилеп остана суперлигаш

-Деца, ви верував уште од почетокот – рече тренерот Кузманоски

RK Prilep

Екипата Прилеп не само што го зачува суперлигашкиот статус, туку и го освои првото место во плеј-аутот од Супер лигата. И да важеа старите, построги пропозиции, според кои само првакот обезбедуваше директен опстанок, прилепскиот тим ќе ја постигнеше целта. Билансот е: 10 победи и 4 порази. Совладани по двапати беа Јуниор КВ, Астраион и Младост, само дома Радовиш, Работнички и Тиквеш, само на гости Голден арт КЛ7. Порази беа доживеани од Голден арт КЛ7 дома, од Работнички, Тиквеш и Радовиш на гости. Највредниот триумф беше на последниот меч дома со Тиквеш (32:28), каде 8 гола даде Тренчевски, 7 Чантурија, 5 Рустамов, 4 Андоноски, 3 Бикоски, по 2 Манчески и Цинцадзе, а 1 Шокоски.

– За мене – прва сезона како тренер, за многу од децата – прва можност да играат во Супер лигата. Од аутсајдери до прво место. Деца, ви благодарам за сé! Ви верував уште од почетокот – рече Горан Кузманоски.

Табела: Прилеп 30, Тиквеш и Радовиш по 28, Голден арт КЛ7 27, Работнички 21, Јуниор КВ 19, Младост 13, Астраион 0. Опстанок имаат Прилеп и Тиквеш, Радовиш ќе игра бараж-меч со вториот од Првата лига, Шампион. Од Супер лигата отпаѓаат: Голден арт КЛ7, Работнички, Јуниор КВ, Младост и Астраион. Така, наесен суперлигаши ќе бидат: Охрид, Пролет, Струга, Металург, Бутел, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Тиквеш, победникот од Радовиш – Шампион, Скопје, Вардар и Еурофарм Пелистер. 

Чантурија останува

Највозрасниот – Грузиецот Реваз Чантурија ќе игра и наесен во екипата Прилеп. Постигнат е договор, отие задоволен од условите, а и клубот сака ракометар кој е најефикасен и на 38 години. Нема и натаму грижа за деснокрилната позиција и за улогата капитен на Прилеп.

Loading