КОНЦЕРТ НА ТАНЕЦ

На 17 јуни

tanec

На 17 јуни од 20 часот во ЦК ,,Марко Цепенков,, летен вокално инструментален концерт ќе одржи Ансамблот Танец.

Танец повеќе од седум децении е симбол на македонската култура и уметност. Тој е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и е подвижен музеј на нашата духовна култура низ светот. Ансамблот негува и уметнички го надградува македонското фолклорно богатство, ората, песните, инструментите, обичаите и носиите.

Историјата од 71 блескави години е проткаена со илјадници концерти, антологиски кореографски поставки, недобројни успеси, милионски аудиториуми и бројни награди, но најмногу громогласни аплаузи.

Loading