КУЌА ЗА СПОРТ И ПРОСЛАВИ

Gradbata na univerzalnata sala pred poveke od cetiri decenii

Се огласи џангарак, абер  стигна од  Тутунскиот комбинат пред речисипет децении. За едновековното постоење, во 1973 година, Монополот се пушти во градежен поход. Се распослаа булук машини и работници, да се гради асли високо и големо здание за спорт и за слави. Тоа беше Универзалната сала.

Блиску до чаршијата и “залепена” до Комбинатот, салата беше  прво огромно “куќиште” за развој на спортот под покрив. Но, и за други приредби. Спортистите ја дочекаа како спортски храм, а граѓаните како дом за секакви манифестации. Вработените ја имаа за рекреација. За атер на сите спортисти и културни работници, но и за тогашната работничка класа, се создаде амбиент раат да се играат натпревари во ракомет, одбојка, кошарка, да се делат мегдани во џудо, карате…, да пеат ЈУ интерпретатори, да се журка младината, да скокаат и вежбаат и пролетери, дури да се слави и Нова година .

Бујрум! Нека скандира публика да се треси цела сала. Лезет за сечија душа. Новата сала ги закрили спортистите од бури, ветришта и дождови и пекол.         

Loading