СПОРТСКИОТ РИБОЛОВ 1987

Историја

Во мај 1987 година активности имаа 40-ина членови на риболовнот друштво Мамец. За Денот на младоста, на Вештачкото Езеро учествуваа на традиционалниот натпревар во ловење риби на пливка. Најголем мајстор на овој ,,занает,, кај сениорите, се покажа Роберт Чортаноски, пред Стеван Тренкоски и Гоце Петрески. Кај младинците победи Блаже Николоски, пред Зоран Крстески и Оливер Спасески. Пионерите ги потврдија талентите преку резултатите на  Мартин Калески, Кирил Талески, Бошко Христоски.

Победничките пехари ги додели Борче Чергоски, делегат од СРДМ.

Loading