КАДЕ ПРОДОЛЖУВА ТОФИЛОСКИ?

Фудбал

Голманот Дарко Тофилоски го привршува првенството во дресот на Трепча, во Супер лигата на Косово. Клубот се бори за опстанок. Се говори дека мали биле шансите за продолжување на договорот, кој важи до следнава недела, па најверојатно ќе одбере нов клуб. Голманот на возраст од 35 години, настапувал и за А-репрезентацијата на Македонија, имал понуди од домашни и странски клубови.

Тофилоски пред две години беше во Победа, кога учествуваше во Првата лига.

Loading