НАПНАТОСТ ДО ПОСЛЕДНОТО КОЛО!

Ракомет

Недоволни беа 25 кола (12 во основниот дел и 13 во плеј-аутот) за да се даде одговор на прашањето: кој отпаѓа од Супер лигата? Одлучуваше и последното, 14 коло, од пјеј-аутот, одиграно синоќа. Беше напнато се до крајот зашто дури 4 екипи се надеваа на директен опстанок или, барем, на бараж. Според пропозоциите: првите две се спасуваат, третата има дополнителен, бараж-меч. Во пресрет на последното, синоќешно коло, Тиквеш со 28, Прилеп со 27, Радовиш со 25, Голден арт КЛ7 со 24 бода. Се очекуваа сигурни победи на Радовиш со аутсајдерот Астраион и на Голден арт со ,,немотивираното,, Работнички, така што остана да решава дербито Прилеп – Тиквеш. На прилепчаните и нерешеното им вршеше работа. Претходно: Прилеп – Астраион 34:22, Младост-Прилеп 33:37.

Заврши и женската Супер лига. Вчера беше мечот Стружанка – Деспина, без особено значење, бидејќи прилепчанките имаа 5 бода предност во борбата за 5-тото место. Конкуурент не можеше да биде скопски Спартак оти имаше фаворит против себе – Металург, а и со подвиг и израмнување на бодовите (42), Деспина би имала подобар меѓусебен биланс. Според ова, 5-тото место е гарантирано за прилепчанките. Претходно Деспина – Ѓорче Петров 30:23. Нов шампион, без ниеден пораз, е Куманово.                                                                                   

Loading