„БОЛЕРО“ И ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ

На 11 јуни во ЦК „Марко Цепенков

Bolero foto

Националната опера и балет на 11 јуни од 20 часот ќе гостува во ЦК ,,Марко Цепенков,, со балетот ,,Болеро,,. Ќе се претстави и со оперски дел.       

-Танцот ги поврзува уметноста и културата, што ги обединува сите нации, оти е универзален јазик. Тука доаѓа и инспирацијата за ,,Болеро,, која носи емоција на среќа, преродба, на нови почетоци, на надеж… Секој се соочува со сопствени проблеми за кои никој не знае. Затоа, мораме да гледаме напред, да бидеме сплотени, љубезни еден кон друг, да се разбираме… Тоа би било пораката меѓу редови  – велат од НОБ.

Во вториот дел, оперските пејачи ќе изведат дела од Чилев, Маскањи, Моцарт, Бизе, Пучини, Чајковски.

Loading