ЈУБИЛЕЈНИОТ 55 -ТИ МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ОКТОМВРИ?

teatarski festival 19

Доколку сé беше во ред и ја немаше пандемијата, коај негативно се одрази врз изведувачките уметности, вечерва требаше да се подигне завесата  и да започне редовното издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,,. Но, состојбата со ковид 19, го одложи 55-то издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,, кое не се одржа ниту лани, а беше закажано за годинава.

Според уметничкиот директор Катарина Коцевска, јубилејното издание е планирано за почетокот на октомври. Треба да се одржи состанок и да се реши во која форма и како ќе се реализира јубилејниот фестивал.

-По состанокот со директорите на театрите ќе се знае како и на кој начин ќе се одржи фестивалот – вели таа, жалејќи што се се нарушило одржувањето на фестивалот, за чиј јубилеј имала планирана богата програма.

Loading