РИБА НА ТРПЕЗАТА ДВАПАТИ НЕДЕЛНО

ribaИако е потребно да се јаде риба најмалку два-трипати во неделата, ретко се применува. А висока е содржината на хранливи вредности во сардината, осличот, скушата…

Сардината ја подобрува сјајноста на кожата. Има и витамини неопходни  за човекот. На трпезата треба да биде најмалку двапати неделно. Осличот често е на домашното мени, оти ги јакне и ги зацврстува коските. Филетите се посни, но со доста калциум. Може да се јаде речиси неограничено. Се препорачува на жени во менопауза и за деца. Скушата се препорачува да се јаде печена на жар. Помага за здраво срце. Содржи омега 3 масни киселини за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Добро е да се конзумира до двапати неделно.

Loading