ПОЛИЦАЈЦИ СО ВЕЛОСИПЕДИ

Од денеска почнува со работа велосипедска патрола во Прилеп.

Policajci na velosipedi 3

Во своето редовно полициско работење, Одделението за внатрешни работи Прилеп ја воведува и велосипедската патрола, составена од униформирани полициски службеници кои ќе извршуваат работни задачи во превентивното полициско работење, но и во делот на одржување на јавниот ред и мир, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, како и санкционирање на сторителите.

Policajci na velosipedi 1

Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување.

Policajci na velosipedi 2

 

Loading