„ЅЕНЗАЊЕ“ ПРЕД ЉУБОМОРНИОТ МАЖ

На една брачна двојка, мажо бил многу љубоморен. Често í префрлал на жена си дека оди со овој, со оној. Ја загубил вербата во жената. Таа му се правдала дека тој така мисли и дека не одела со никого. Жената го предупредила сопруго дека немала одено, но..:

– Ако јас сакам ти нема да ме фатиш  – му рекла таа.

Една вечер, жената донесла маж кој го симпатизирала. Го закопала во буништето да сврши работа пред мажот.

Пред легнување, му рекла на мажот.

– Да одиме надвор за мала нужда пред легнување!

Мажо се согласил. Отишле на буништето. Жената ја засучила кошулата и го наседнала на тој што лежел во буниште и го прашала мажот.

– Која е ова ѕвезда, која е она… – и си ѕенѕала.

Свршила работа пред очите на мажот. Станала и му рекла.

– Да си одиме дома, оти ако поклечам, пак ќе ми се приѕенѕа.

Дома го прашала мажа си дали нешто сетил на буниште.

Тој одговорил дека ништо не сетил.

– На буништето се онадив пред тебе. Ако сакам секогаш ќе го правам тоа, само немам таков интерес. Ако сакаш да се увериш, да појдиме да го видиш местото каде тој лежеше!

Провериле на гнојо,, а легало од човек било уште топло. Мажот се засрамил. Ја наведнал главата и никогаш повеќе не í проговорил. Така нормално живееле без навреди.

Раскажал Вангел Петрески – Бабјак од селото Марул

Loading