АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

И најдивата река се смирува при утоката.

х

Битно е постојано да имате прашања.

х

Кој сака да го прескокне времето ќе биде прескокнат.

х

Сам си донесува закони и сам тврди дека ги почитува.

х

Сопствениците на новите згради бараат и нови имиња на улиците.

х

Низ подотворена врата можеш само полувистини да осознаеш за состојбите.

х

Ако си голем тоа не треба да ти овозможува да правиш големи грешки.

Д-р Хаџи-Васков

Loading