ЧУДЕСЕН РАСТВОР ПРОТИВ ДАМКИ

Да се приготви раствор против дамки од храна и други материи на облеката, потребни се еден филџан превриена вода, половина филџан сода бикарбона и половина филџан тринастотен хидроген.

Се прелива со превриена вода сода бикарбоната и се меша додека целосно да се раствори. Потоа се додава хидрогенот. Мешавината се чува во шише со распрскувач. Се употребува со прскање на дамката и се остава да дејствува смесата неколку часови. Потоа облеката се пере. Ако дамката е тешко разградлива, ткаенината се потопува во средството и се остава да кисне цела ноќ. Следниот ден се пере.

Loading