РИБАРСКА ЛУЛКА СО ЛЕКОВИТА МОЌ

Дојранско Езеро

Dojran-plazi-foto-MIA-1-750x430

 

Утрински крајезерски прошетки по песочната плажа, сончање и пливање во најтоплите води на јужниот дел од земјава, кои од другата страна ги заплискуваат и грчките брегови, дегустирање на дојранскиот крап, уживање во езерската тишина, спортување на крајбрежјето и кампување под крошните на столетните дрвја, се само дел од благодетите кои ги нуди Дојранското Езеро. Дојранскиот крај беше атракција поради уникатниот традиционален начин на ловење на риба со помош на птиците –  корморани. Последниве децении езерото подлегна на ударите на природата, губејќи големо количество вода. Исчезнаа многу ендемски животни и растенија. За среќа, обилните дождови и системот за спас на езерото, влеваат надеж. Птиците и  рибите полека се враќаат, а младите луѓе често уживаат во топлата и лековита езерска вода и на крајезерските забави. За спортистите, одлично место е за подговотки за натпревари, лулка за релаксација и за напојување на телото со нова свежина.

Дојранскиот крај е остаток од некогашното Пеонско Езеро. Еден е од најблагородните природни реткости. Езерото е распространето на 42,1 км2. Изобилува со јод за лечење на рани и на дишните органи. Затоа се нарекува природно лечилиште со пријатната  медитеранска клима со топли и суви лета и благи врнежливи зими. За уживање дење и ноќе, од мај до октомври температурата е над 20 степени, а на водата е 27 степени.

Просторот бил населен од праисторијата. Грчкиот историчар Херодот  забележал дека живеат Пеонци кои рибарат. Оттогаш е познат риболовот со птици кои летаат ниско и ги наведуваат рибите во ловиштата наречни мандри. По римскиот период, Дојран бил дел од Византија, а во 1391 година го зазеле Турците. Со бомбардирањата во Првата светска војна, населанието се преселило кај Нов Дојран.

Posetitelite-baraat-ureduvanje--1600x904

Низ историјата ,,градени,, ходници за талкање низ минатото. Интересна е Саат-кулата која го краси центарот, Амам-бањата, старата Екси-чешма и црквата Св. Илија. Карактеристичен бил механизмот на саатот. Според легендата Саат кулата ја изградил Евренос-бег во чест на освојувањето на градот. Над брегот на Стар Дојран е катедрална црква посветена на Свети Илија. Таа е монументален храм од 1874 год.

Дојранското езеро е најбогато со риба во Европа. Најмогу се застапени црвеноперката, перќијата, крапот, сомот и други. Редок е начинот на ловењет со помош на птици. Дојранчани се горди на рибарската традиција и уникатниот начин што е застапен само уште во Кина. Ловењето во мандрите е ритуал И тема на илјадници рибарски приказни ткаени во долгите ноќи крај езерските води во исчекување на богат улов. Малку е заборавена традицијата, но потсетуваат рибарските куќички и мандрите. Надоаѓањето на водата во езерото буди нови надежи. Се очекува заживување на мандрите, а рибарите и кормораните повторно да го играат езерскиот танц.

terrace2

Две легенди

Една легенда за езерото вели постоел бунар од кој се полнело вода. Откако ќе наполнеле, го затворале бунарот со девет катанци. Еден ден по вода заминала најубавата млада девојка од тој крај, Дојрана. Таму ја чекало момчето кое таа го љубела. Наполнила вода, но занесена од момчето, заборавила да го затвори деветиот катанец. Од бунарот почнала да тече водата и ја преплавила котлината. Така настанало езерото со име по девојката Дојрана.

Другата раскажува за турскиот паша кој се вљубил во прекрасната девојка Дојрана. Наредил да ја доведат во неговиот шатор. Девојката се спротивставила за да не биде со сила одведена. Влегла во езерските води и се удавила. Во чест на убавата и храбра девојка, езерото било наречено Дојранско.

Loading