ДВЕ ДЕРБИ ЗА ДЕСПИНА

Фудбал – Жени

Поради новите протоколи беа одложени двата дерби-меча на Деспина, првиот во Првата лига дома со Тиверија, вториот за Куп дома со Саса. Се очекуваше закажување за в сабота и за в среда. Првиот со Тиверија е помалку значаен, оти во првенството Саса побегна 11 бода на табелата. Така, со нетрпение се очекува вториот, полуфинален за Куп, токму со Саса. Практично, тоа е битка за пехарот. Кој ќе го совлада најсилниот, тој заслужува да го подигне пехарот. За силата на Саса говори билансот: на 23 меча (21 за Првенство, 2 за Куп) има само 1 пораз.

Деспина ќе биде во најсилен состав, во кој се враќаат залечените – Катерина Милеска и Јана Чубриноска.

Loading