ДЕСПИНА СЕ БОРИ ЗА ФИНАЛЕ

Фудбал – Жени и Победа

Според ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија за жени, на Игралиштето со вештачка трева во Прилеп ќе има дуел помеѓу Деспина и Саса од Каменица. Мечот закажан за во среда се одложи поради новите протоколи. Практично, ова е борба за пехарот, оти во Прилеп ќе гостува најсилниот тим, лидер на табелата од Првата лига. Гостинките ја покажаа силата во саботата, кога со 4:0 беа подобри од прилепчанките. Но, мечот може да даде и погрешна слика, затоа што домашниот состав не беше комплетен, а силите се чуваа за многу поважниот, полуфинален дуел. Одложен е и првенствениот меч, дома со втората Тиверија.

Во Втората фудбалска лига – Исток Победа загуби со 2:1 од Саса во Каменица, а и следниот меч е на гости, кај Плачковица во Радовиш.

Loading