МЛАДОСТ 96 СО 18 ПОБЕДИ И НИЕДЕН ПОРАЗ!

Пинг-понг

mladist

Надмоќна игра на Младост 96 во Супер лигата. Во основниот дел од првенството има 18 победи и ниеден пораз! Составот (прилепчаните Александар Рикалоски и Андреј Лашкоски, кривопаланчанецот Кристијан Станојковски, штипјанецот Петар Костовски, Србинот Стефан Костадиновиќ) предводен од тренерот Гоце Тошески по двапати ги совлада сите ривали. Последни настрадаа: Крива Паланка со 4:1 и Радовиш со 4:0. На табелата Младост 96 има 36 бода, Младост 33, Шампион ФА 31,… Отпаѓаат Работнички, Телеком и Струга. Радовиш игра бараж со прволигашот Рисови. За титулата ќе се борат четирите најдобри тима во полуфиналните двојки: Младост 96 – Телеком 2, Младост – Шампиони ФА.

Реални се изгледите во финалето да се пласираат двата прилепски тима, Младост 96 и Младост, имајќи предвид дека однапред им се смета водство од 1:0 во однос на ривалите, така што им е потребна само по уште една победа.

Loading