И НАЈДОБРИОТ МОЖЕ ДА ЗАГУБИ

Фудбал: Прва женска и Трета лига

Деспина е кандидат за титулата во Првата женска лига. Екипата е меѓу најдобрите во земјава. Но, и најдобрите губат. На мечот со Истатов, кога гостинките ретко го поминуваа центарот, се случи сензација. Екипата од Дојран победи со 2:0, со головите на Сара Хусеин (ќерка на некогашниот тренер на Победа, Неџат) и Дренуше Ајдини. Прилепскиот состав бргу се врати на колосек, со победите 7:1 над Шкупи во Скопје и 5:0 дома со Борец. В недела е гостувањето на Атлетико во Битола.

На табелата Деспина е трета, под Саса и Тиверија.

Loading