ПРИЛЕПЧАНИ ЈА ТРЕНИРААТ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Борење

Петдневни беа првите подготовки на Женската борачка репрезентација на Македонија во Скопје. Меѓу репрезентативките, најбројни беа прилепчанките  – 7. Стручниот штаб немаше други, освен прилепските тренери од БК 7 Мај – Леов Илчо Марковски, Саше Игнатовски и Теодор Темелковски. Деновите беа за запознавање и за тренинзи на кондициски план. Вториот дел, ако се најде сала, ќе биде во Прилеп.

В сабота во Скопје е нов државен натпревар со шанса за нов успех на прилепчанките. 

Loading