РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ПРЕД КРАЊ, ВО ПРИЛЕП

Историја

Историскиот, прв меч на Фудбалската репрезентација на Македонија беше во Крањ, на 13 октомври 1993 година, каде со 4:1 ја совлада Словенија. Една недела претходно, последниот подготвителен меч и беше во Прилеп. На стадионот ,,Гоце Делчев,, Репрезентацијата играше со второлигашот Победа. На мечот паднаа 7 гола. Победи Репрезентацијата со 4:3 со двата гола на Т. Мицевски, по еден на Бошковски и В. Мицевски. За Победа головите ги дадоа: С. Најдоски два и Г. Наумоски еден. Во Репрезентацијата имаше еден од Победа – голманот З. Мицевски.

Селектор беше легендарниот Андон Дончевски.

Loading