Наместо кафеани сега редовно се посетуваат – аптеки.
x
Сака да владее со светот, а пред луѓето се залага за владеење на правото.
x
Не е на прав пат оној што постојано се сопнува од ист камен.
x
Само уште афористичарите ли останаа да се залагаат за право и правдина.
x
Не се очекува ништо добро од оној кому му удрила славата во глава и сега удира по туѓите глави.
x
За промените на кожата се грижат повеќе отколку за промените во душите.
x
Чекајќи да завладее правото, го начекаа неговите неистомисленици.
“Д-р Хаџи-Васков”