В САБОТА Е ОДЛОЖЕНИОТ МЕЧ СО ТИКВЕШ

Фудбал

Наместо во неделата, претстојнава сабота (15 ч.) на Могила ќе се одигра мечот Победа – Тиквеш, од Втората лига – Исток. Одложувањето беше поради лошиот терен, покриен со снег. Домашниот тим е осмопласиран, гостинскиот втор, но секаков резултат е можен. На тоа покажува претходното искуство. Тиквеш дома одигра само 0:0 со Слога, а Победа изваде 2:2 во Пехчево, каде водеше со 2;0. Од ова коло не се одигра уште мечот Плачковица – Пехчево, додека Слога – Брегалница 1:2, Росоман -Кожуф 1:4, Осогово-Саса 0:2. 

Изненадувања во Третата лига – Југ. Лидерот Ново Црнилиште со високи 3:0 загуби во Големо Коњари. Стрелци; Бунтески, Мирчески и Касниоски. Втората Ломкомотива од Градско со 1:2 дома загуби од Дојранско Езеро, а и третиот Превалец не освои ниту бод, по поразот со 3:1 во Марена. Мечеви имаше и во средата: Напредок – Питу Гули 2:4, Младост – Локомотива 0:1, Превалец – Илинден 6:0. В недела се дуелите: Братство – Ново Црнилиште, Вардар-Превалец, како и дербито Локомотива – Напредок.

Во трката за титулата во Првата женска лига, Деспина вчера дома се сретна со Истатов, а в недела е дуелот со Шкупи во Скопје.

Loading