ПАПАГАЛОТ ТОРО САКА И ПИЕ ЕЛИТ КАФЕ

Ненси Костадиноска, љубител на животни меѓу кои и на папагалите Жако

viber image 2021-03-24 17-21-08

Африканскиот сив папагал, познат како Жако е омилена птица во светот, бидејќи не емитира само човечки гас, туку има способност да зборува. Таков вид папагал е омилен и во семејството Костадиноски, косопствениците на Елит кафето. Миленик е не само кај сестрите Ненси и Нена, туку и кај останатите членови. Тие вторпат негуваат Жако папагал, откако првиот им избегал. Во семејството каде оваа прекрасна птица живее, меѓу луѓето создава посебна атмосфера. Дури заедно го пијат вообичаеното попладневно кафе, а папагалот Жако кого го викаат Торо постојано прашува дали некој сака кафе Елит.

viber image 2021-03-24 17-29-58 

-Овој вид на пагал живее од 80 – 100 години и имаат способност да зборуваат Тоа е ретка сорта на интелигентни животни. Првиот папагал беше премногу приврзан со нас, и двапати ни избега. Првиотпат го најдовме, но вториот не. Го симнавме во дворот додека работеа мајсторите, беше во кафез затоа што првиот пат избега. Сам ја отвори вратничката од хранилката и летна. Го имавме една година. Најверојатно се исплаши, бидејќи беше во надворешни услови. Тоа беше наше прво искуство и нé погоди без разлика на љубовта која ја чувствувам кон човек, сепак тоа е птица и мора да се разграничат чувствата, што е куче, маче, птица. Првото Жаку го изнесувавме надвор, на нас и навечер и преку ден, без ремче. Сите нé советуваа дека е птица и може да летне. Не можев да разберам дека може да избега. Првиотпат избега од бучава од камионот со смет. Го најдовме на 50 метри оддалеченост, во домот кај другарка моја. Брат é го најде. Го Немаше помалку од 24 часа. Вториотпат не успеавме – раскажува Ненси Костадиноска, косопственик на Елит кафе и љубител на папагалите Жако. 

 

Жако папагалите после 9 месец ги учеле првите зборови без дресура. И да не сака сопстевникот нешто да го научи, птицата сама го учи зборот кој најмногу го слуша, односно се употребува дома. И првиот и вториот сакале кафе Елит.

– Првиот велеше ,,Повели Елит кафе,,, а вториот ,,Сакам Елит кафе,,. Зборува и друго: ,,Каде е Манчо, кога ќе си дојде, каде си лепотане, добар ден Торо, добровечер Торо,,. Кого и да види вика – ,,Кај си бе лепотане,, и кон мене и кон сестра ми Нена. Само добро утро немаше научено. ,,Ајде,, му беше асоцијација за да му го отвориш кафезот. Стои на рамената, секаде на телото каде ќе му дозволиш. Го имитира гласот само од еден. И првиот и вториот го доловува гласот од татко ми Марјан, односно од Манчо – објаснува Ненси.

viber image 2021-03-24 17-34-31Првиот бил стар три месеци кога го зеле и кај нив бил една година. Три месеци живееле во надеж дека ќе го најдат, иако нуделе и награда. Летнал во април, а во септември го зеле вториот Жако кој бил од Кочани. Чинат од 600 до 1000 евра.

 – Вториот имаше исто 3 месеци. Си има изграден темперамент. Сив е со црвена опашка. Веќе вели – ,,гау, гау,,. Бара галење. Зборува нечисто, оти уште е мал, а и малку време е кај нас. Сме немале прилика да видиме како ќе се однесува со гости, заради коронава. Најверојатно претпазливо, а со домашните мирољубиво. Преноќева надвор, во собата, без да биде затворен во кафезот. Јаде специјална храна за Жако папагали и секакво овошје што го јадеме и зеленчук. Првиот папагал ниту еднаш во една година не грешаваше за нужда. Само в кавез, но правеше белја со клунот. Кинеше од мебелот и вратите ги колваше. Вториов не прави никаков проблем. Може да биде пуштен цели ноќи и 48 часа, без да направи бела. Уште е млад, а се пари по 4-5 години. И двата се машки. И женските зборуваат. Не е докажано дека мажјаците повеќе зборуваат, сепак треба да се работи. Не се  пожелни за луѓе кои не  се дома. На миленикот  му треба човек – објаснува Ненси.

Го купиле случајно, додека купувале храна за другите миленици.

– Се вративме дома со папагалот и кафез и ни стана член од семејството. Со нивната дарба за зборување се приврзуваме. За имитација има и други, ама моќта на говорот е она што привлекува кај Жакото. Кога ќе ме пречека, ме препознава по доаѓањето на автомобилот. Реагира како кучето и мачето. Кога ќе нé види одма лета кон нас и првото му е: ,,Кај си бе лепотане,, и тоа во машки род. На сите истото му го вика – објаснува Ненси.

Ваквите птици таа ги препорачува на позворасни. Мора да има некој дома. Не се за луѓе кои често патуваат. Кафезот е огромен за да го носат со нив. Им треба пик ап возило. Жално е да биде во мал кафез осум саати. Не сакаат да го пуштат слободно, зашто се плашат од лошото искуство. Најчесто е со нивната мајка Цветанка и таткото Марјан, кој е пократко на работа, заради ситуацијата со короната.

-Ме влече љубовта кон животните, а за овој тип птици и папагали е моќта на говорот. Вистина е дека пие кафе. Убаво изговара  – ,,Сакаш елит кафе,,. Првин, како децата мали, вели – ,,Поели, Елит кафе,,. Уште не го изговара убаво и на помала возраст е земен, а и покус период е со нас. Она што освојува е говорот. Знаеш дека е животно кое може да ти врати. Луѓето ги чуваат овие птици, бидејќи се интелегентни, го разликуваат текот на денот. Доколку го учиш, знае да го каже секое овошје, го препознава, дарба невидена за зборување. Уште е млад, но по 4-5 години ќе има напредок – објаснува Ненси.

Физиолошките потреби ги извршуваат на отворена бебешка пелена ставена на дното во кафезот која ја собираат. Никогаш не греши надвор од кафезот. Еднаш неделно го чистат кафезот. Само секој ден се заметуваат пердувчињата кои летаат околу кафезот. Велат дека сé што бараат е љубов и внимание. Се препорачува на повозрасни, на пензионери. 

Вакви папагали чуваат и неколку други семејства во Прилеп.

viber image 2021-03-24 17-28-07КУЧЕТО, МАЧЕТО И ПТИЦИТЕ  – ПОД ЕДЕН ПОКРИВ

Имаат и две кучиња Шицу. Имале и персиски мачор кој починал. И првиот, и вториот папагал функционирале индивидуално без да се задеваат. Мачето реагирало 24 часа инстинктивно, но тоа поминало. Доволно им се миленичињата, бидејќи секое животинче сака внимание и љубов.

Loading