МУЗИЧАРИТЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПЛЕТВАР?

Револтирани од забраната за музицирање, прилепските музичари се заканија дека ќе го блокираат патот Прилеп – Градско, на превојот Плетвар, во знак незадоволство, доколку останат дискриминирани скратени во правото за работа. Поради пандемијата цела година не работат, а со тоа им е загрозена егзистенција. Според нив, тие се единствената гранка без право да ги остварува своите работни обврски! Не бараат парична помош од државата за да го оптоваруваат буџетот, туку протоколи и мерки за музицирање, како за дискотеките, казината, кафетериите, рестораните…

Loading