ВРАБОТЕНИТЕ ОБВИНУВААТ ДИРЕКТОРОТ ЗА МОБИНГ

Завод и музеј

kavga vo muzejot

Поголем дел од вработените во Заводот и музеј обвинуваат за неподносливите проблеми на меѓу вработените и директор кои ескалираат со тужби, притисоци и отказ на Цветан Цветковски по 18 години работа. Синдикатот велат дека колегата добил симптоми на Ковид 19 за што матичниот лекар му препишал терапија бидејќи сите во семејството биле суспектни, но без тестирање поради зголемениот број на заболени и недоволниот број на тестови во тој период. Тој го известил директорот Благоја Атанасоски преку СМС порака. Директорот по СМС се согласил дека работникот ќе го води на годишен одмор додека има слободни денови.

-По враќањето на работа, директорот формира Комисија за дисциплинска постапка каде вработениот се товари дека не поднел писмено барање за отсуство за периодот за кој му било одобрено отсуството, иако се обидел да поднесе барање, но не му било овозможено од правната служба, поради отсуство на одговорното лице. На колегата му се нарушени правата од работен однос и е прекршена постапката за отказ – посочи Александар Цветкоски.

Директорот на Музејот, Благоја Атанасоски, писмено истакна дека нема да коментира, бидејќи се води судска постапка за престанок на работен однос поради повреда на работениот ред и дисциплина, а по претходно водена дисциплинска постапка.

Вработените се жалаат на нарушени односите и го сомничат директорот за мобинг, за што била информирана и министерката за кутлура.

Loading