„СЛОБОДЕН ВЛЕЗ“ – ИЗЛОЖБА НА МАРИЈА ТРПЕСКА

Во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,, денеска се отвора изложбата насловена ,,Слободен влез,, од уметницата Марија Трпеска. Поставката е атрактивна, оти пренесува континуирано присуство на едно лице на културните настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложби и неговото огромно визуелно искуство.

-Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби забележав дека бројот на посетители е многу мал и нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на ,,празни,, галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Очекувам изложбата да ја развие нужноста за промена на современите уметнички практики во Македонија и за создавање ново гледиште за гледачите, за авторот и за критичарот – објаснува уметницата.

Трпеска е дипломец на ФЛУ во Скопје. Главен ликовен фокус í е сликарството, истражува и со фотографија и видео уметност.

Loading