РАСТОТ И ПАДОТ НА СЕЛОТО МАРУЛ ПО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (4)

marul-1

Атанасоски Трајанов Алекса Танески (1929 – 8.12.2018). Алекса Танески го има завршено четврто одделение во училиштето во с. Подмол на српски јазик во годините 1936/40-та година. Во 1946 година Алекса е оженет многу млад за девојката Спасија Царпилатоска од село Добрушево. Откако првото дете Јосиф го заврши четврто одделение во учебната 1958/59 година Јосиф беше пратен на школовање за понатамошно образование. Таа разделеност на родителите на Јосиф не му се допаѓаше и во месец декември 1961 година синот Алекса со жената Спасија, децата Јосиф, Гога Ѓорѓија или сега Џорџ, ќерката Саветка и татко му се преселија во нивната сопствена куќа која што ја имаа отпорано. Алекса се вработи во тогашното лебарско претпријатие ЖитоПрилеп. Во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век прво Јосиф отиде во логор во Австрија, а по него Ѓорѓија Џорџ познат во нашата средина како Гога и тој отиде во Австрија. Од Австрија замина во Америка – САД, во Њујорк. По некое време родителите Алекса, Спасија и Саветка се исселија во Америка, отворија бизнис, работа. Покасно се преселија во Флорида. Ѓорѓија Џорџ во Прилеп направи голем промет, пазар за време на транзицијата. Го купи хотелот Липа, ЖитоПрилеп, Макам, направи бензинска пумпа, направи голем базен со вода во дворот каде што се фрла крстот за Водици. Има своја приватна телевизија и новина Македонско сонце. Родителите на Џорџ и Јосиф заминаа за Америка. Дедо му на Џорџ, Трајан остана во Прилеп на догледување кај Драгица, внука од прв братучед од Атанасовци Таневци. Родителите Спасија и Алекса починаа во Флорида, Спасија почина на 26.8.2013 година, а Алекса на 8.12.2018 година.

Јованоски Митрев Илија Крушка (1883 – 1962). Откако му умре жената Петрана Илија во месец декември 1961 година, синот Цветан го зеде татко му Илија во месец февруари на догледување во 1962 година. На догледување само за месец дена од неговото исселување во Прилеп стариот Илија умре и е погребан во Старите гробишта во Прилеп.

Ристески Цветанов Најденко Мурџески (1940 – 2014). Најденко во јавноста е позна како Нацко на крајот од месецот февруари во 1963 година во Костолац во Србија кај своите деленици Цветан и Петре Ристески Мурџески се вработи во рудникот за јаглен, покасно во градското пожарникарско претпријатие во градот Костолац. Како свирач на кларинет постана член во нивниот оркестар. Во 1964 година Нацко се ожени за Ковачевиќ Мира од Костолац. Во ноември 1965 година Нацко замина во градот Гетеборг во Шведска и се вработи со посета на курс во бродоградилиштето Еридберг варв. Се префрли на работа за таксист. Исто така Нацко приватно отвори работилница за поправка на лесни возила. Нацко со Мира во бракот имаат две деца Хендри 1966 и Цветан во 1972 година. Ристески Најденко Нацко има завршено четврто одделение од 1947 до 1951 година во село Марул.  Нацко почина на 22.8.2014 година.

Павлески Ванчов Павле Петрески (1939). Павле има завршено четврто одделение во марулското училиште од 1946 до 1950 година. Павле често пати беше овчарче, стално. По завршувањето на воениот рок се вработи во 1963 година во пролетта во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Во истата пролет 1963 се ожени со свадба за Блага од село Крстец, имењачка на својата јатрва Колејца. Поради се имењачки јатрви и од исто село малце е заметна работата со нив. Павле со брачната сопруга има дете Сашо. Павле се разболи и умре во 2010 година. Павле и Нацко Мурџески како овчарчиња беа големи пријатели.

Петрески Ванѓелов Митре Бабјак (1933). Митре Петрески го има завршено четврто одделение еден дел кај Србите, еден дел кај Бугарите. Митре посетувал училиште од 1940 до 1944 година. Митре е интелигентен човек уште во неговата младост, во времето на колективот постигнува бригадир на Првата бригада западна мала. Митре е весел човек и талентиран ороводец, играч на сите македонски ора. Во есента 1956 година Митре се ожени за Блага Маркоска од село Мало Рувци. Митре и Блага имаат две деца, Диме и Снежа. Во 1960 есентта Митре се запиша во вечерното училиште и во 1962 година го заврши учењето со свидетелство со завршено осмо одделение. Во месец март 1963 година се дели од родителите, од браќата и сестра му, си ја зеде фамилијата, жената Блага и децата Диме и Снежа, се иссели во Прилеп, се вработи во ЖитоПрилеп. Во 1969 година направи планска куќа на улица Октомвриска.

Ристески Илиев Петре Јанкоски (1898 – 1983). Петре Јанкоски за време на Првата светска војна со експлозив си ги оштетил прстите. Се оженил за Невена Цоцеска од село Црничани, родена подмолка. Во 2018 година Петре и Невена имаат четири деца, Петкана, Алексо, Спасија и Зора. Несреќата ги фати синот Алекса за време на отслужувањето на воениот рок, се разболе и во 1948 година Алекса почина на Воената болница во Загреб, Хрватска. Ги ожалости сите во куќата, а ја онесреќи сопругата Ѓурѓа Делоска и останаа неговите деца Ванѓел и Илија сирачиња. Во 1949 година за Алексојца Ѓурѓа зедоа домазет Јошески Блаже од село Кален. Живеачката им беше добра се до почетокот на 1958 година. Се раскара и во месец февруари се поделија. Петре остана сам во куќата, во месец февруари Петре се прежени за Босилка Пупалеска од село Боротино. Босилка беше психички позаносена. За кратко време си замина од кај Петре. Петре зеде една Црногорка. Селскиот одборник Јовчески Ванѓел отишол да ја испраша за нејзиното потекло. Таа ја зела секирата и му се заканила, што бараш ти во мојата куќа. После неколку дена и таа си замина, мештаните во селото ниту името нејзино не го научија. После Црногорката се прежени за вдовицата Божна од село Беловодица. И таа не поседи подолго време, си замина. Сепак Петре работеше плански. Дел од нивјето продаде, дел ги даваше под наем, кирија. Со парите што ги продаде и тие под кирија, купи куќно место во Штавичко маало за внуците Ванѓел и Илија. Петре во Прилеп изгради куќа, остатокот од нивјето ги поклони на државата и доби некоја одредена месечна пензија доволна за него. Петре во летото 1963 година се иссели во Прилеп и во голема старост во 1983 година умре.

Продолжува

Loading