ПРИЛЕП СЕ ВАДИ В ЧЕТВРТОК СО РАБОТНИЧКИ

Ракомет

Стартуваше плеј-аутот од Супер лигата и борбата за опстанок. Екипата Прилеп со 31:33 дома загуби од скопски Голден арт – КЛ 7. Во рамноправен меч можеше резултатот да биде и обратен. По 29:28, следеше 30:30 и 31:33. Крилото Реваз Чантурија кај домашните даде најмногу – 9 гола. По поразот, можност за поправање е мечот в четврток, со Работнички во Скопје.

Женскиот тим Деспина, и покрај 10-те гола на Мери Гичева – Конеска, загуби со 31:26 од Чаир во Скопје, во Купот. За првенството, в сабота, дома, игра со Гевгелија.

Loading