ДОМА 4 – НА ГОСТИ 5 МЕЧА

Фудбал – Победа

Победа ќе има тежок распоред во третиот круг поради слабиот пласман, осмото место, во двата досегашни круга од Втората лига – Исток. Ќе има 4 меча на домашен, 5 на гостински терен. Дома ќе игра со: Тиквеш, Слога, Росоман и Кожуф. Ќе гостува кај Кит-Го Пехчево, Брегалница, Саса, Плачковица и Осогово. Првиот е в сабота, во Пехчево, со Кит-Го. Претходно беше ремито (1:1) дома со Слога, преку израмнувачкиот гол на Петар Петроски во 88 минута.

Табела: Брегалница 48, Тиквеш 41, Кит-Го 28, Кожуф 26, Осогово 23, Саса и Слога по 21, Победа 15, Плачковица 11 (-1), Росоман 8.

Loading