МИМИЧКОСКИ ТРЕТ

Борење

По повеќе од 10 години, во салата ,,Македонија,, се одржа спортски настан – – Изборното првенство за борачи до 23 години. Борачкиот клуб 7 Мај Леов беше домаќин на 80 натпреварувачи од 11 клуба. Според очекувањата, а поради недоволната подготвеност и услови, во машка конкуренција прилепските претставници не дојдоа до победничките места. Теодор Темелковски, Христијан Пенков и Александар Стојкоски, секој во својата тежинска категорија, освоија петти места. Сепак, Маријан Мимичкоски успеа да стигне до третото место, што е одличен пласман.

Кадетската женска репрезентација ќе се подготвува наместо во Прилеп, најверојатно во Берово поради немање сала.

Loading