ВОДЕЧКИТЕ „КИНЕА“ МРЕЖИ НА ГОСТИ

Фудбал: Трета лига – Југ

Dinamo-Lokomotiva

Неизвесната трка за првото место во Третата лига – Југ, со седиште во Прилеп. Првите 4 тима постигнаа сигурни победи. Дома со 5:0 триумфираше Превалец против Питу Гули. Останатите зедоа по три бода на гости, со гол-диференција 11:1 – Локомотива од Градско со 5:0 над Динамо од Мажучиште, Ново Црнилиште со 2:0 против Обршани, а Напредок од Крушеани со 4:1 врз Младост во Удово.

На Игралиштето со вештачка трева во Прилеп гостите од Градско се мачеа до 28 минута, бидејќи или промашуваа, или ги спречуваше голманот Бобан Секулоски. По водечкиот гол на Сунај Мемков, од пенал зголеми Јованче Петров. Во вториот дел серијата голови продолжи преку Бобан Атанасовски и двата гола на Аделин Ќазимов. Екипата на Ново Црнилиште отпорот на домашните во Мало Коњари, им го скрши отпорот уште во 8 минута со голот на Мустафа Селманоски. Вториот гол падна во 95 минута. Стрелец беше Ерџан Ибраимоски. И Напредок прикажа сигурна игра во Удово, иако без голгетерот Ицко Јанкоски. Првиот гол го даде Александар Чешелковски, наредните два Мартин Никовиќ, последниот Александар Нешкоски.

В недела се две дерби-пресметки. Ново Црнилиште на својот терен игра со Напредок, а Превалец во Велес ја чека Локомотива.

Табела: Локомотива и Ново Црнилиште по 34, Напредок 31, Превалец 30, Вардар 25, Братство 24, Обршани 21, Марена 16, Младост У. 15, Дојранско Езеро и Младост К. по 14, Динамо 12, Питу Гули 11, Големо Коњари 10, Илинден 5, Габер 0.

Loading