САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ СЕ ОТВОРА ПО 10 ГОДИНИ

Борење

Не е лесно да се потсетиме кога точно последен пат имало спортски настан во салата ,,Македонија,,. Според наша евиденција, тоа е ракометниот меч од Супер лигата за жени, Жито Прилеп-Вардар осигурување (30:14) одигран на 22 декември 2010 година. Во истиот објект дури в сабота (11 часот) е новиот спортски настан – Изборното првенство за борачи во машка и женска конкуренција до 23 години.  Домаќин е БК 7 Мај Леов.

Претходно прилепскиот клуб успешен на Изборното во Штип за пионери. Женските екипно убедливо први, а поединечно три први места (Ангела Трајкоска, Деспина Богеска, Ивана Мицеска), три втори (Наталија Неделкоска, Елена Дејкоска, Тамара Цветкоска) и три трети (Анабела Стојаноска, Вероника Мицеска и Оливера Мицеска). Трет беше и пионерот Стефан Јосифоски.

Loading