МАГИЧНА ПРИКАЗНА КОЈА ТРАЕ ТРИ ГОДИНИ

Градинарски центар – Дар дам градина

za zenit

Дар дам градина не е само компанија која се занимава со продажба на декоративни зимзелени и листопадни дрва, грмушки и цвеќе, туку проектираат, изведуваат и одржуваат зелени површини. Сопствениците Дарко (33) и Даме (32) Дамкоски се декоратери, визионери кои запуштениот простор, со троскот и пеплишта, го претвораат во рајска градина и за очите, и за душата.

Успешната приказна ја почнале пред три години. Практично, Дарко ја реализирал љубовта која тлеела со години. Завршил средно образование, техничар за хотикултура и станал дипл. шумарски инженер, насока озеленување и унапредување на животната средина.

– Идеата тлееше во мене повеќе време. Од финансиски причини, проектот беше во фиока. Работев во други компании, за со грант за самовработување, со брат ми да се впуштиме во сопствен бизнис.  Стартот не беше мед и млеко. Потребно беше да не научат клиентите. Задоволните муштерии се препорака за следниот ангажман – објаснува Дарко Дамкоски.

Проектираат и изведуваат и системи за наводнување. Располагаат со супстрат (почва) за садење, саксии, дрвен декор, мулц, бел декоративен камен.

– Откако ќе го видам просторот, решенијата за проектот сами доаѓаат, надополнето со желбата и потребите на муштериите. Важен е изборот на видовите на растенијата, аклиматизирани на наши услови кои се идеални. Тоа дозволува играње со бои, форми и местоположба.  Почвата се подбрува со агротехнички мерки. Со холтикултурното уредување, сликата за објектот е друга, покажува на сериозност, уреденост. Чувството од убав уреден зелен простор дава смиреност. Мисијата ни е природата да ја донесеме во нашите дворови, балкони, пред деловниот објект, наместо асфалт, бетон, плочки. Со последниве климатски промени, секој метар квадратен зеленило е битно – вели Дарко.

zenit 2

Ако Дарко е носител на стручноста, Даме е неговата десна рака. Функционираат како едно. Тимски работат, затоа што има многу физичка работа на теренот, на кој приоѓаат со љубов, стручност и како за сопствена душа. Се стремат да подигнат сопствен расадник.

Зошто да подарите цвеќе?

ПОДАРУВАТЕ ЕМОЦИИ

Со подарувањето цвеќе се разменува енергија, се потикнуваат убави емоции, се будат заспаните чувства, а сетилата се напојуваат со нови позитивни вибрации. И жената, и цвеќето се еднакво нежни и бараат љубов и грижа.

Loading