МЕДИУМСКИ И ТВ МРАК?!

Белешка

Како на човек од медиумската фела, ми смета тоа што Прилеп, со општините Долнени и Кривогаштани, освен по сега ,,модерниве,, електронски портали и на неколку национални телевизиски медиуми не можат да се информираат за случувањата во градот, општината. Тврдам, бидејќи од порталите ,,Публикум,,, ,,Инфокомпас,, ,,Маркукуле,,, ,,Овде МК, ,,Абер од Зенит,, и Радио Пела”, па ,,Радио Меф,, ,,Радио Холидеј,, и ,,Радио 5,,” најмногу се информираат младите кои баратаат со ИТ, електронската технологија, компјутерите и, се разбира, со смарт телефоните. На другите граѓани во трите општини им останува да ги проследат секојдневните и ,,неважни,, настани според мерилата на националните ТВ куќи. А повозрасните  треба да ,,чујат,, и разберат од нивните помлади членови на семејствата.

Во деведесеттите години во етерот, со слика и тон, оној над Прилеп, Битола, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево и поширокот, со информативни прилози, музичкии други настани зрачеше првата независна телевизија, формирана од вработените на Центарот за печат и радио и телевизија. Беше првата, оти, со свои и средства од кредити, успеавме, покрај двата медиуми, (радиото и  весникот ,,Народен глас,,) да ја отвориме и да работиме и преку третиот медиум – телевизијата. Од студио од Прилеп 24 часовна програма се емитуваше  преку предавателот на ридот над селото Тополчани. Ж ителите од општините секојдневно се информираа преку програмата на ТВ со препознатливиот знак – триаголник со црвена, жолта и сина боја.

Иако малку се знаеше и ИТ сепак, според дозволивит електронските можности и финансиската опрема, сенабави и мобилен предавател за директни преноси од фудбалскиот стадион, од Домот на културата, од црквата Благовештение за Велигден… Граѓаните и гледачи кои играа спортска прогноза и ги погодуваа резултатите од фудбалските натпревари секоја недела навечер го проследуваа директниот ТВ пренос од Бингото на ФК Победа. Тоа беше тогаш, а сега??!. Сега од сето тоа нема ништо.!!

На националните, пренесувани преку кабелските оператори, не им се важни секојдневните локални настани. За нив, тие  се ,,ништо,, а ги има во секој град и село. Во годините на НТВ Прилеп, секојден имаше 30 минути информативна емисија, ТВ Спектар. Како да се заборави секоја вечер на два наврати граѓаните се запознаваа со дневните настани и се најавуваа следните. Тоа беше тогаш-затогаш, а сега сето тоа е минато…

Треба да се знае дека тогаш граѓаните имаа можност да ги проследат програмите на уште пет-шест други локални телевизии – НТВ-Прилеп, Мартел, Маркони, ТВ М, ТВ РТЛ од Лажани, ТВ Тера од Битола. Сега не зрачи ниту една ТВ куќа. Не дека нема интерес иили гледачи. Нема средства, нема луѓе кои би се зафатиле со опремување, подготвување прилози и сé што е потребно за една ТВ куќа. Треба да се знае дека телевизијата е скапа играчка, доколку се работи сериозно и професионално. Имавме ТВ куќа која  се носеше професионално и во тогашна конкуренција. Успеваше да информира. Но, ,,домаќините,, од тоа време направија сé сега да нема ниту една локална  прилепска ТВ куќа. Така се разбираше ,,професионалната и модерна,, новинарска работа и информирање.

За секојдневните настани и проблеми во градот сега единствено, на пример пензионерите и другите пристари луѓе се информираат преку неделникот Зенит, на чии страници читаат за сé и сешто.

За жал, тоа е што е. Во едно некогашно ,, чурук,, време се можеше, а сега не се може, кога е сé под контрола. Алал да им е на сите што придонесоа да дојдеме до ова дереџе  во информирањето!!!

К.Р.

Loading