МИКРОСАМ – 30 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ГЕНИЈАЛНОСТ

Изложба

Во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, од денеска ќе биде поставена изложбата – Микросам – 30 години македонска генијалност во решенија за производство на современи композити. Се изложуваат примероци и материјали кои се плод на досегашната работа на фирмата. Поставени се  специјално дизајнирани календари, постери од машини, примероци на машините, награди, признанија, слики. Ќе биде презнетирано и видео за растот и развојот на компанијата со освоени бројни награди и признанија. Микросам е бренд и амбасадор на Македонија во светот. Продолжува да докажува дека земјата има голем потенцијал и капацитет да ги задоволи и најкомплексните решенија во високата технологија.

Ретката изложба предизвикува интерес. Затоа се реализира со примена на сите мерки за заштита од коронавирусот.

Loading