ИНСТИТУЦИИТЕ ЗАДОВОЛНИ – ТВОРЦИТЕ РАЗОЧАРАНИ

Marko Cepenkov

Министерството за култура годинава поддржува проекти во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, заштитата и промоцијата на културното наследство на нашата земја. Сето тоа е дополнето со проекти од младите и за младите, со посебен акцент на еднаквата родова застапеност, инклузијата на лицата со попреченост и на интеркултурниот дијалог.

Прилепската култура е задоволни од прифатени проекти и од одобрените средства.

ЦК ,,Марко Цепенков,, треба да реализира три театарски претстави – ,,Светулки,, од Креснице, во режија на  Драгана Милошевски Попова, ,,Претстава со грешки,, според Луис, Шилдс и Соер, во режија на Синиша Ефтимов и ,, Декамерон,, од Бокачо во режија на Мартин Кочовски. Ќе се отворат 23 изложби и ќе се одржи ликовната колонија Дрен 2021. Изложба ќе имаат Марта Макеска, Бојана А. Трпческа, Атанас Атанасоски, годишната од ДЛУП… Ќе се отпечатат два броја на списанието Стремеж. Државни пари ќе има и за 13 концерти, меѓу кои и Националната опера и балет, на Македонската филхармонија, Вечер на македонски автори, концерт на Илија Чакароски, на КУД Моминок, концерт и промоција на нов албум на Чалгија Саунд Систем…. Средства се одделени и за дигитализација на архивата на театарот.

Со поддршка од државата Заводот и Музеј годинава ќе има 15 заштитни проекти, меѓу кои обновата на манастирските конаци на Трескавец и конзерваторски проект за реставрација на архитектурата и живописот на црквата Успение на Пресвета Богородица. Потоа за дренажни и собирни бунари за Трескавец. Ќе се реевидентираат иконите и спомениците на културата. Пари се одделени за  конзервација и препокривање на црквата Св. Никола во селото Манастир, за заштита и одржување на конзерваторски објекти на Стибера, реконструкција на содржините на локалитетот Колобаиса, за препокривање на помошните објети на спомен куќата на Кузман Јосифоски – Питу… Музејот продолжува со откуп на предмети од етнологијата и стари фотографии. Годинава  ќе се истражува локалитетот Бедем кај Стибера, ќе изработи каталог на книжни икони и ќе одбележи 80 годинишнината.

Во Институтот за старословенска култура, државата финансиски ќе следи 3Д моделирање и археолошки истражувања на локалитетот Баба и истражувања на локалитетот Бадар.

Државата ќе го одврзи ќесето и за МТФ ,,Војдан Чернодрински,, за Фестивалот ,,Пеце Атанасоски,, за Прилеп џез викендот, за Поетски слем и издавање на антологија, и за други помали проекти.

За разлика од лани, не се поддржани прилепските творци, кои конкурираа како физички лица. Револтираните автори сметаат дека програмата копа јаз меѓу физичките лица, бидејќи се поддржани доста албански автори. Бараат помош за да се создаде мостот и да се  надмине чуството на граѓани од втор ред во уметноста. За Тони Павлески, програмата нема македонско чувство. Затоа, расте чувството на болка и срам, небаре Прилеп нема автори.

Loading