РАСТОД И ПАДОТ Н АСЕЛО МАРУЛ ПО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (2)

marul-1

Доселување на Јованоски Цветан во Марул. Во пролетта во 1951 година на една конференција во општината во с. Г. Коњари доаѓа до еден вербален сукоб помеѓу Бунтески Ристе и претседателот на колективот Јованоски Цветан Крушка. Причината  за сукобот била во тоа што Ристе Бунте  без со никого да се консултира се дало наредба и се извршила, се отишло по селата за да се собира порезот. На тие домаќинства кои не можеле да го платат порезот, му била одземана покуќнина, дифтици, черги, ќок и жива стока, ѕевгари волови и крави итн.

Цветан брзоплетник му рекол на Бунте, нас со тебе ни е лесно, ги манкаме нозете под масава, а додека аргатите в поле се печат како жаби за вода на горештините на сонцето. Цветан станал, ја зел неговата столица ја скршил од Ристе Бунте. Со одлуката на општинското судство Јованоски Цветан, директорот од село Дабани добива условна казна да се врати назад за претседател во с. Марул на испразнетото место, на местото на Стојаноски Тоде во сукобот со овчарот Ристески Блаже Танески. Еден пролетен ден една околиска делегација од Прилеп од четворица предводена од Блаже Чавкула Руфчанец дошла во Марул, побарала од колективот на управата еден ипол тон јагнешко месо бесплатно како нарјат државна плочка. Претседателот на колективот од село Марул Стојаноски Тоде со дојдените гости отишле во местото Попајца кај овчарот Танески Блаже кој пасел еден булук од колективните овци со се јагнињата. Покрај другото, гостите побарале од домаќинот Тоде Стојаноски да се заколи едно јагне за ручек за гостите.

Јагнето што го одбележал Тоде било преголемо, Блаже не се согласил и дошло до препирка меѓу Тоде и Блаже. Блаже подналутен му велел на Тоде, ние дома сме 25 членови кога ќе заколиме толкаво јагне, кренал стапот, мавнал по главата на Тоде. Кога виделе гостите што станало, се исплашиле и се разбегале, некои преку коритиште, некои преку чеширче се вратиле за Прилеп. Тоде си отишол в село кај управата, директна оставка од претседател на колективот си дал. Блаже осуден три месеци одлежува затвор, а додека по извесно време дошле властите, ги одбележале јагнињата за еден ипол тон месо, си заминале. Управата на колективот одредила луѓе и ги отерале јагнињата на одреденото место во Прилеп, ги предале таму на одредени лица. Тука се извршија три работи: Тоде натепан, Блаже затвор, властите си ја добија бараната килажа од јагнињата. Од Цветановата одлука во Марул дошло решение оти сака да се врати во Марул Управата на колективот од село Марул одлучи да организира транспортен превоз за неговата покуќнина. Транспортот, односно превозот беше организиран со три запрежни коњски коли: Танеската, Крстеска коњска кола, Танеската коњска кола со комбинација на коњот од Мице и Трајан и третата била, павлеската коњска кола од Јонови и нивниот сив коњ во комбинација со јанкоскиот коњ арапот.

Едно утро кочијашите со запрежните коњски коли заминаа во с. Дабјани, ја натоварија сета покуќнина на Цветан со се неговата фамилија со повеќе еден член во неговото семејство, со новороденото бебе Веле ја донесоа во приквечерината во цветановата куќа при родителите Илија и Петра, сега изпразнета, ќерката и сестрата Василка од нејзиниот маж Алексо и неговите деца Борис, Верка и Богоја. Цветан Крушка откако го презеде местото за претседател на колективот во с. Марул остана тоа место се до расформирањето на колективот во село Марул во пролетта, месец април 1953 година.

Петрески Јованов Ѓорѓија Мурџески (1929) во 1952 година по отслужувањето на воениот рок ерген се вработи во Прилеп. Се ожени за Зора Цинцарица, им се родија две деца Вера и Лила. Последен пат го сретнав во влашко грчката црква во Прилеп, продаваше свеќи. Се ожени 1953/54 година.

Во пролетта 1955 година Јованоски Јованов Божидар си дојде од ЈНА, имаше намера да оди летен овчар. Не собра доволно ругарски овци за пасење и замина во Прилеп, се вработи кај Алавантиовци. Се ожени од село Гостиражни, оформи фамилија со пород деца, покасно се вработи во железничката станица и тука се пензионира. Божидар Јованоски 1933- 2007.

Василоски Јованов Петре (1933 – 2017). Во почетокот на зимата во 1957 година се вработи Петре кај својот другар Јованоски Божидар кај воденичарите Алавантиовци во Прилеп. Петре се ожени за девојката Костадинка од село Гостиражни. Во бракот Петре и Костадинка имаат две деца, женско и машко. Покасно Петре се вработи во државното претпријатие Комуналец во одделението водоводна мрежа или поизјаснето во водоводната заедница, тука Петре се пензионира.

Митрески Јованчев Богоја Мурџески (1936 – 2019). Богоја со своите марулски другарчиња Павлески Коле, Петрески Томе и Ристески Киро Танески во училиштето во с. Тополчани се степа со тополечките деца ученици во 1949 година и повеќе не продолжија да се школуваат. Богоја отиде на занает во Прилеп за шивач, шнајдер кај мајсторот Цане Мајата. Богоја тука се здоби со квалификуван шнајдер. Во 1961 година Богоја се ожени за Стојна од Бела Црква и се преселија во Битола. Богоја и Стојна во бракот имаат две машки деца, Јове и Зоре. Богоја беше вработен во цигланата во Битола од каде и се пензионира.

Павлески Ванчов Коле Петрески (1939 – 2019). Коле исто како и Богоја не го продолжи редовното школување, него отиде во Прилеп занает да учи, колар да биди. Управата на колективот имаше во план откако Коле ќе го заврши коларскиот занает да го повлечат за колар во село Марул. Колективот се расформира, планот пропадна. Коле го заврши коларскиот занает и подолго време егзистираше од тој занает се додека не се вработи за столар во Црн бор. Коле во 1960 година се ожени за Блага од село Крстец. Коле И Блага во бракот имаа две деца, девојче и машко, Сузана и Миле.

Продолжува

Loading