ДРВО НА ПАРИТЕ

cveke

Дрвото на парите, красула е исклучително интересно домашно растение за кое се поврзани многу митови. Според традицијата, внесува позитивна енергија и изобилство на богатство во домот каде се одгледува. Низ историјата се користело при церемониите на венчавката. Се верувало дека привлекува пари и просперитет во новиот дом. Постои верување дека треба да се чува десно од влезната врата во куќата за да носи повеќе пари.

Красула е исклучително убаво растение со сјајни и мазни зелени листови. Црвени лисја се јавуваат кога дрвото е претерано изложено на сонце, а кафеавите при премногу влага. Со падот на старите, растат нови млади лисја.

Растението потекнува од Јужна Африка и расте до 2,5 метри.

Ова куќно дрво може да се сади од семе, а се пресадува кога ќе пораснат лисјата. Се зема лист и се става во почвата. На коренот му треба подолго време да израсне, но успехот е загарантиран. Друг начин на пресадување е листот да се стави во вода и да се чува најмалку 14 дена за никне корен. Потоа се засадувао во глинен сад. Најдобро е да се пресадува секои 3 – 5 години. Се става во тешки саксии, бидејќи има тенденција да се преврти. Потребно е да се чува на сонце најмалку 15 дена. Најдоброто место е на светло и топло место, каде што нема многу топлина или студ, ниту дожд. Во зима се чува на над 10 степени, а во лето надвор заштитено од дожд. Дрвото на парите не треба да се наводнува премногу. Со многу вода, лисјата ќе станат кафеави и ќе почнат да паѓаат. Наводнување на 14 дена. Количината на вода зависи од собната температура, изложувањето на сонцето и големината на садот. Во зимата малку се наводнува и не сака хемикалии. Пожелена е почва богата со минерали. Се потхранув еднаш годишно со ѓубре за кактуси.

Познато е верувањето дека ова популарно домашно растение привлекува успех, богатство и просперитет. Има и лековити својства. Ако некој е болен дома, тоа венее постепено, а лисјата  жолтеат. Се чини дека апсорбира негативна енергија. Кога болниот ќе закрепне, красулата оживува. Лекува лесни изгореници, посекотини, модринки и рани. Нежно се рендаат неколку листови и се нанесуваат на повредата. Потоа се зацврстува со завој. Помага при каснување од инсекти. Сокот се става на местото на убод и се мачка секои 4 часа.

Loading