ТУРЧИНКИТЕ СОВЛАДАНИ ПРЕД 2500 ГЛЕДАЧИ

Историја

Некогаш не беа ретки меѓународните ракометни репрезентативни натпревари во градов. На 27 ноември 2002 година во Универзалната сала се одигра мечот од 3 коло од квалификациите за Светско првенство за жени меѓу Македонија и Турција. Во првото полувреме гостинките дадоа силен отпор, така што резултатот беше само 21:20 за Македонија. Турција беше разбиена во второто полувреме, што предизвика одушевување кај 2500 гледачи. Конечниот резултат 37:31. Селекторот Зафир Куновски не можеше да смета на Кастратовиќ, но во одлично издание беа останатите: Нацева (со 4 одбранети удари и 2 седмерци), Андрејева (2 удари), Пецевска, Мечевска, Платон 3, Чупиќ 1, Тарчуловска 11 (3 од седмерци), Новеска 2, Бајрамоска, Б. Црвенкоска, Б. Ристеска 6, Папуџиева, Велкова 2, Малахова 12. Кај поразените попусти беа 14 гола на Узел.

Во истата сала две недели подоцна со 31:23 беше совладан Азербејџан.

Loading