ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!?

Белешка

Пред четириесет и кусур години, кога во градот немаше доволно вода за пиење, тогашниот претседател на Извршниот совет на Македонија (Владата), Благој Попов, со прилепскиот потпретседател на Општинското собрание, Василе Соколоски, шетајќи се на лов на Бистра планина, ја забележале Студенчица, изворот во село Добреноец- Кичевско кој и тогаш и сега има голема дарежливост. Со одлука на ИС започна градбата на најдолгиот регионален водовод во Југославија. Од каптажата во Добреноец, до селото Другово, каде се изгради разделна станица, до термоцентралата Осломеј, па во Кичево, и потоа во Маккедонски брод, па преку планинскиот премин Барбарас до Прилеп. Должина од преку 70 километри. Системот  ветуваше, според  стручњаците, снабдување на Прилеп со вода за наредните сто години. Тоа беше чудо” над чудата. На два наврати од по четири години прилепските граѓани по неколку основи плаќаа самопридонес за градба на овој водовод. Се плаќаше процент преку платите, тие кои работеа, плаќаа и пензионерите, домаќинствата и уште кој не!!?

За значајниот меѓуопштински, регионален  водовод, единствен во СФРЈ, по иницијатива на советниците од прилепското собрание се издвоија средства за снимање на посебен филм за изградбата. Доколку  не е оштетен и може да се користи, сигурно ќе се прикажува и сега на каналот Национална географја, како посебен како корпулентен проект. На неколку наврати, пред неколку  градоначалници во Прилеп, го споменувам овој филм, снимен со филмска камера на 16 милиметарска филмска лента, со режисер и познат снимател од тогашната филмска куќа Вардар. Филмот беше снимен за прикажување во киносалите во земјава и пошироко. Тоа беше така, оти уште немаше ниту видео ленти, ниту видео  дискови. И што се случи? За волја на вистината, регионалниот водовод беше свечено пуштен голем народен и митинг пред ,,…Цепенков,,.

Како да се заборави на огромната акција и самопридонесот на прилепчани?  Почна ,,разделувањето,, на водата по којзнае колку основи. Вода добија повеќе кичевски села, диво приклучени. Потоа станаа и регуларни. Вода доби и Крушево и повеќе села во прилепско. Едно време снема и вода. И Прилеп реши да копа и ископаа десетина бунари. Но, мислата ми е да не се заборави голема акција на прилепчани. Тие беа иницијаторите и најголеми инвеститори, најмногу вложија во водоводот. Тоа се гледа и од снимениот филм.

Но, каде е тој. По неколку прикажувања на машините во кината, филмот се конзервира, божем заштити и се предаде во Историскиот архив. Интервенирав кај поранешните директори и градоначалници да се најде, да се земе и да се преслика (се разбира доколку е во функција) на видео ленти, или видео дискови за да се умножи на повеќе диска и да може да се прикаже на телевизиите, порталите и сл. Оти ќе дојде време кога ќе притреба. Натаму оди работава. Да не се случи да немаме доказ, ваков или онаков, да докажеме дека, ние, како граѓаните на Прилеп сме вложиле во регионалниот водовод и затоа имаме и треба да имаме вода во секое време и, се разбира, не по многу висока цена. Ниту еден од директорите или поранешните градоначалници не се зафатија, не се интересираа да задолжат човек да се најде филмот, доколку не е уништен. Ако е уништен, да се бара одговорност. Зашто во сегашно време, гледано наназад, филмот е доволен доказ. Снимени се многу фази од градбата, кој вложувал и зошто од нашиов град. Не знам зошто се молчи и многу честа се ,,фалиме,, со водата што ја даваат бунарите. Но до кога?!

К.Р.

Loading