НАГРАДИ НА ОНЛАЈН МАНИФЕСТАЦИИ

Покрај пандемијата, членовите на Клубот на литературни творци Прилеп неуморно творат и учествуваат онлајн на конкурси во земјата и во странство. Поезијата на Снежана Паноска и Сузана Рулеска беше рангирана во Топ10 најдобри песни, на порталот на ФБ Поезија мк. Весна Шереметкоска и Снежана Паноска добија пофалници на конкурсот на Литературниот клуб од Тетово.  Снежана Паноска е добитник на плакета и медал, за учество на Конкурсот Крвави февруар на Домот на културата од Бојник.

Плакета за учество по повод Светскиот ден на децата болни од рак добија Сузана Рулеска, Снежана Паноска и Божана Тренческа. Во организација на МаБиХ и Живко Попоски Цветин, беше распишан конкурс за песна на основа негови црно бели цветови. Благодарници добија, Снежана Паноска, Сузана Рулеска, Менче Кадинец. МаБиХ е Здружение за македонско босанско пријателство. Водно Марија Симоноска доби пофалница за најубава песна за виното и грозјето во Вршац. Членовите на Клубот имаа поетско читање во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово за денот на мајчиниот јазик.

Клубот го распиша традиционалниот конкурс за основните училишта од за 8 Март. Годинава, Клубот ќе го организира Поетското Маркукуле.

Loading